Македонија

Застапеноста на Албанците лани се зголемила за 0,6 отсто

Меѓу 2023 и 2024 година застапеноста на Албанците пораснала од 21,7 отсто на 22,3 отсто, според Народниот правобранител

Податоците од извештајот на Народниот правобранител покажуваат дека застапеноста на Албанците во текот на 2024 година се зголемила за 0,6 проценти во споредба со претходната година – од 21,7 на 22,3 отсто.

Убедливо најголема е застапеноста на Албанците во Министерството за односи меѓу заедниците, кадешто се над половина или 52,2 проценти, иако таму бројот е намален за 3,7 отсто.

Следуваат Државниот правобранител со 49,7 проценти (+4,4 отсто во однос на 2023 година), Народниот правобранител со 43,8% (-0,3%), Министерството за енергетика со 38,3%, Министерството за локална самоуправа со 38% (-6,4%), во Управниот суд со 36,8% (+5,5%), во Министерството за животна средина со 35,4% (+0,4%), во Министерството за образование со 31,1% (-7,9%) итн.

Најмалку Албанци има во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) – само еден меѓу 66 вработени или 1,5%, потоа во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ со 1,8% (+0,9%), во Клиниката за радиологија со 2% (+0,1%), на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со 2,3% (-0,1%), во Зоолошката градина Скопје со 2,4% (+0,3%) итн.

На последниот попис 24,3 отсто од 1.836.713 попишани лица што живеат во Македонија се изјасниле како Албанци.

Најнови вести од: Македонија

Несфатлива противречност: Во најновиот нацрт-извештај Вајц вели „нема доволен напредок“, а со резолуцијата на ПССЕ се „признава напредокот на земјата“?! (1)

Советот на Европа, неговото Парламентарно собрание, неговите известувачи за Македонија со сите нивни резолуции и извештаи еднаш ‘поздравуваат и признаваат’, но по неколку седмици силно критикуваат дека ‘не е постигнато ова и она’. Тие првин нагласуваат дека ‘Владата искажува политичка волја и посветеност да ги почитува обврските’, но само по кратко време сега се вели дека ‘нема долгорочна политичка посветеност’. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц и претходните ставови и оценки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од Резолуцијата од 29 јануари 2026 година за ‘има-нема  напредок’ на Македонија се поигрување со евроинтеграциските стремежи на оваа држава и на нејзините граѓани. Овие акти на Советот на Европа се едни со други во несфатлива противречност и тие ја уриваат довербата во оваа клучна европска институција. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц ги фрла во вода клучните ‘признателни’ и ‘поздравителни’ наводи од споменатата резолуција на ПССЕ од 29 јануари.“ – пишува Свето Тоевски во својата анализа.

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

To top