Македонија

Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

По отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, заедничка прес конференција одржаа претседател на Владата, Христијан Мицкоски и Марта Кос, ЕУ комесар за проширување. – За нас, овој план не е формалност. Тоа е алатка преку која ќе ја трансформираме земјата. Ќе ги модернизираме јавните услуги, унапредиме образованието. […]

По отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, заедничка прес конференција одржаа претседател на Владата, Христијан Мицкоски и Марта Кос, ЕУ комесар за проширување.

– За нас, овој план не е формалност. Тоа е алатка преку која ќе ја трансформираме земјата. Ќе ги модернизираме јавните услуги, унапредиме образованието. Ќе инвестираме во енергетска и дигитална инфраструктура. Ќе ја направиме татковината вистински европски дома – пред да стане формално дел од ЕУ, изјави Мицкоски.

Но исто така, сакам да бидам јасен дека нашите чекори по европскиот пат се со отворено срце и разум. Со прифаќање на европските вредности. Меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес.

Премиерот истакна дека Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството. Тоа се вредностите што ги прифаќаме – сè друго е туѓо за Европската Унија, и туѓо за нас.

– На овој самит нашата држава влегува како држава со јасна насока. Нашите реформи не се декорација. Тие се потреба. И ние нема да чекаме некој да нè турка. Ќе се движиме самите, со сопствената волја, со конкретен план и со јасна визија, рече Мицкоски.

Испорачуваме резултати, не затоа што тоа некој го бара од нас, туку затоа што тоа го заслужуваат нашите граѓани.

-Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот избор и веруваме во тоа. Нашиот пат. Нашата определба, потенцира Мицкоски.

И затоа, благодарни сме за поддршката од Европската комисија, но уште повеќе сме решени сами да си помогнеме, да ги спроведеме реформите и да ја трансформираме земјата. Со инвестирање. Со работа. Со доверба во сопствени сили и со партнерство со ЕУ.

Ви благодарам за Вашата лична поддршка и поддршката на Европската Унија, што ја дава за Западен Балкан, додаде во изјавата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top