Македонија

Во ќелијата на газда Деко пронајден мобилен, судијката му се закани:„Посетите ќе ти ги забранам“

Судијката му се закани со забрана на посети

Мобилен телефон бил најден во ќелијата во која е сместен првообвинетиот во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов Деко, соопшти судијката Диана Груевска Илиевска пред почетокот на денешното судење, пренесува Плусинфо.

Таа го предупреди Јованов дека ако повторно добие таква информација ќе му забрани посети.

Поради исклучен микрофон, јавноста не можеше да слушне што рече Јованов во своја одбрана на констатацијата на судијката.

Јованов го издржува притворот во затворот во Куманово.

На денешното рочиште се очекува да сведочат Габриела Наунова, Ирена Минова и Марија Петрушева, родители на загинати во пожарот.

Почетокот на денешното рочиште доцнеше поради тоа што еден од обвинетите не беше спроведен навреме од притвор од затворот во Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top