Македонија

Од март повисоки плати за наставниците

Според министерката за образование, покачувањето ќе се движи меѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од финалните пресметки.

???????????????????????????????????

Наставниците во основното и средното образование од март следната година ќе добијат зголемување на платите, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Според нејзините најави, покачувањето ќе се движи меѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од финалните пресметки.

Министерката истакна дека ова е клучна мерка за мотивација на просветните работници, дополнително засилена со кариерното натпреварување.

„Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската комисија“, изјави Јаневска на денешниот брифинг.

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top