Македонија

(Видео) Патриотска ноќ со Влатко Миладиновски: Само македонски песни, знаме со 16 краци и најголемо оро

За првпат, во пресрет на Новата година, во салата цела вечер одекнуваше исклучиво македонска музика

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Влатко Миладиновски одржа концерт кој ќе остане запаметен како редок и значаен момент за македонската музичка сцена. За првпат, во пресрет на Новата година, во салата цела вечер одекнуваше исклучиво македонска музика.

Концертот прерасна во вистинска патриотска вечер, со исполнување на традиционални и современи македонски песни, додека на трибините се развеа македонското знаме со 16 краци. Во салата се формираше едно од најголемите македонски ора, во кое се вклучија и познати и непознати, обединети во заедничка игра и песна.

Со Влатко Миладиновски на сцената настапија и „Некст Тајм“, кои ја изведоа народната „Ја излези Ѓурѓо“, како и Спасен Сиљановски, кој ја отпеа „Ќе ти дојдам“. Атмосферата беше исполнета со емоции, аплаузи и заедничко пеење, што дополнително ја зацврсти симболиката на вечерта.

Концертот траеше до полноќ и беше дочекан со воодушевување од публиката, која ја препозна оваа музичка вечер како силна порака за значењето и континуитетот на македонската музика. Настанот се оценува како важен чекор во афирмацијата и зачувувањето на македонскиот музички идентитет, особено во период кога ваквите сцени се реткост.

Најнови вести од: Македонија

Владата ќе го поддржи секој договор меѓу работодавачите и работниците за минималната плата

„Нам како на нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади  вработени. Значи тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние сме Влада, која во рамки на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Ни е како Влада ќе го поддржиме секој договор, што ќе го постигнат. “ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

МНТ слави 80 години со сценски спектакл: „Сонцето, колку е блиску сонцето“

Во пресрет на 80-годишнината од основањето на Македонскиот народен театар (МНТ), на 29 декември 2025 година на големата сцена премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, во режија на Дејан Пројковски.

Најнови вести

To top