Македонија

Изградбата на автопатот Скопје-Блаце никако да мрдне

На овој автопат се изградени само првите 2 километри, но ниту тие не можат да бидат пуштени во употреба сè додека не се изгради и преостанатиот дел од 10 километри.

Иако беше најавено дека градежните работи за автопатот Скопје–Блаце ќе започнат кон крајот на декември, тоа сепак нема да се случи, објави ТВ21

. Пред три недели, заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, во емисијата Click Plus изјави дека само климатските услови можат да ги пролонгираат работите.

„Дури, некои износи се многу поприфатливи отколку што ние сме замислувале дека ќе ги видиме кога ќе ги отвориме. Можам да кажам дека за многу кратко време, или во рок од еден месец, ќе започнат работите на овој пат. Ова го велам и се надевам дека климатските услови нема да ни создадат потешкотии за да заглавиме можеби до јануари–февруари или до раната пролет, за да започнеме со нова енергија и полн ритам.“, кажа Зеколи-Шаќири.

Денес е 29 декември, градежните работи не се започнати, не поради климатските услови, туку, како што појаснуваат од кабинетот на заменик-министерката, причините за доцнењето се бирократските процедури на финансиската институција и периодот на новогодишните празници.

Најнови вести од: Македонија

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

Литовски: Битолскиот одред „Пелистер“ разбиен на 3.5.1942 од бугарските окупатори, кои ја усмртија Елпида, влечејќи ја врзана за кола низ селата, за да ги заплашат Македонците!

На денешен ден, на 3 мај 1942 година, над селото Ореово, Битолско, Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ бил опкружен и разбиен од бугарската фашистичка окупаторска војска и полиција, откако преку предавство бил лоциран еден ден претходно. Оваа единица на НОВ и ПО на Македонија била формирана на 22 април 1942 г. од 19 борци. Во борбата загинаа народниот херој Елпида Караманди, која била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Сите биле борци на овој партизански одред. Ова го истакнува универзитетскиот професор и историчар д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје во своја научна статија.

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

To top