Македонија

Мицкоски и Ѓорѓиевски Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“

„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова Година!“, напиша премиерот на социјалните мрежи

Премиерот, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.

„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година“, порача премиерот преку објава на социјалните мрежи.

Во новогодишната честитка, Мицкоски им посака добро здравје, разбирање и успеси на сите граѓани.

„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова Година!“, напиша тој.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата.

To top