Спорт

Ѓорческа в недела патува по историја на Австралија опен

Во својот трет обид најдобрата македонска тенисерка ќе се обиде да стане првата Македонка на главен турнир на гренслем

Лина Ѓорческа в недела патува за Мелбурн, кадешто ќе се обиде да влезе во историјата на македонскиот тенис како прва Македонка што заиграла на главниот турнир на гренслемот Австралија опен.

„Во јануари е почетокот на сезоната и не може да се има поубав старт од Австралија опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот и ќе изборам пласман на главниот турнир. Сон на секој тенисер е да учествува на гренслем турнирите, така и за мене. Се надевам дека ќе имам учество и на главниот турнир, но оваа година ќе има и настапи на повеќе ВТА-турнири“, вели најдобрата македонска тенисерка пред заминувањето на првиот гренслем во сезоната.

За 31-годишната тетовка ова ќе биде трета среќа во Австралија, кадешто најблиску до главниуот турнир беше во дебито во 2017 година, кога стигна до третото и последно квалификациско коло, а во 2024 година беше елиминирана на стартот.

Во својот трет обид првиот женски рекет на Македонија ќе настапи како 204. на ВТА-листата во сингл, а прва носителка во квалификациите е Полина Кудерметова (104.) од Узбекистан.

Најнови вести од: Спорт

ПМФЛ: Вардар сè поблиску до титулата, Работнички и Пелистер ремизираа

Лидерот Вардар направи голем чекор кон освојување на титулата, откако попладнево го совлада Башкими со 2-0 во рамки на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ја зголеми предноста пред второпласираната Шкендија на шест бодови, додека во пресметката на директните конкуренти за опстанок Работнички и Пелистер одиграа нерешено 3-3

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top