Македонија

Македонска пошта да стане доминантна на пазарот – најавува вицепремиерот Николоски

Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а Пошта да го носи товарот

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права на вработените се исплаќаат редовно, истакна во гостувањето за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој најави и осовременување на Македонски Пошти со 100 нови возила.

-Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а Пошта да го носи товарот. Кога ќе ги видите приходите, со 75% од пазарот пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25% од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го корегираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е нов софтвер, со што се обидуваме пошта да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте, истакна Николоски.

Тој најави реструктуирање на државните пошти, план кој ќе се реализира во периодот што следи.

-Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца Генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со пошта. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од ЕУ за нешто такво. Јас реков дека ќе стигнеме до рационализација и намалување на трошоците, но преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста, рече вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Плоштадот Илирија нема да стане Маршал Тито. Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

(Видео): Македонија со своја „фабрика“ за производство на алатки за вештачка интелигенција

Македонските стартапи, мали и средни претпријатија, студентите и истражувачите наскоро ќе можат да развиваат сопствени решенија со вештачка интелигенција без да инвестираат во скапа инфраструктура. Тоа треба да го овозможи „Везилка“ – првата национална фабрика за вештачка интелигенција, која ќе ги поврзе домашните компании и академската заедница со европските суперкомпјутери и дигитални ресурси.

Тошковски: Интерпелацијата од Левица е обид за блокирање на борбата против криминалот!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени интерпелацијата поднесена од Левица како политички мотивиран обид за попречување на процесите за борба против криминалот и корупцијата. Интерпелацијата е на дневен ред на денешната собраниска седница, пренесе МИА. Во објава на социјалните мрежи, Тошковски посочи дека станува збор за трета интерпелација против него за помалку од две години и оцени дека зад иницијативата стојат политички, а не суштински мотиви. -Левица ја најави третата интерпелација против мене за помалку од две години. Како и претходните две, и оваа беше претставена преку режирана прес-конференција, повеќе како политички настап отколку како иницијатива заснована на аргументи – наведе Тошковски.

Сајкоски: На кого му пречи што има ред во државата? Кога се разбиени 30 организирани криминални групи треба ли да се напаѓа човекот, кој ги прави нервозни криминалците?!

Ѓорѓија Сајкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната седница во Собранието ги праша пратениците од опозицијата на кого му пречи што има ред во државата, што нема проблеми со патните исправи, што се разбиени 30 организирани криминални групи, запленети се 300 проценти повеќе кокаин од она што било претходно во време на СДС.

To top