Хроника

Двајцата загинати од падот со возило во Радика се од гостиварско Видуше

Несреќата се случи попладнево на регионалниот пат Маврово – Дебар

Лицата со иницијали А.Ф. и М.Ф. од гостиварското село Видуше се двајцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на регионалниот пат Маврово – Дебар, соопшти Министерството за надворешни работи.

Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола на патничкото возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски таблички и излетал од патот во реката Радика.

Несреќата е пријавена во 15:50 часот во ОВР Гостивар.

По насоки на јавен обвинител патничкото возило ќе биде задржано во Полициска станица Гостивар за вонреден технички преглед, а телата на починатите ќе бидат дадени за обдукција.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата.

Најнови вести од: Хроника

Скандал со лажни „кубански вакцини против рак“ во Велес: Осомничениот измамил повеќе граѓани, Обвинителството спроведува истрага и претреси

Основното јавно обвинителство Велес води истрага против едно лице осомничено дека измамило повеќе граѓани, нудејќи им наводни „кубански вакцини“ против рак, со цел да прибави противправна имотна корист. Против осомничениот е оформен предмет за кривичните дела „измама“ и „надрилекарство“.

To top