Свет

Руски војници на мотоцикли ќе ја напаѓаат Украина

Министерството за одбрана има намера да купи до 200.000 мотоцикли од Кина

 

Командата на руската армија обучува персонал за извршување напади со употреба на мотоцикли.
Сепак, ефикасноста на оваа опрема и тактика во офанзивните операции во Украина останува под знак прашалник, пренесе улраински медиум.
Според новиот извештај на Институтот за проучување на војната (ISW), рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов му наложил на командантот на копнените сили Андреј Мордвичев да го опреми Високото воено командно училиште во Новосибирск со мотоцикли и теренски возила (ATV) за да се усогласи обуката на кадетите со моменталните тактичк.
Руските војници сега добиваат поголем дел од своите мотоцикли од волонтерски организации или купуваат мотоцикли самостојно, но руското Министерство за одбрана сака централно да обезбеди мотоцикли за војниците и да создаде специјализиран магацин за таа цел.

Каналот на Телеграм, повикувајќи се на свои извори во руската војска, соопшти дека во 2024 година Русија купила над 40.000 мотоцикли произведени во Кина и дека руските сили добиле 20.000 од овие мотоцикли.

Еден од руските воени извори изјави за каналот дека руското Министерство за одбрана има намера да купи 120.000 мотоцикли, 30.000 ATV и 12.000 баги до крајот на 2025 година.

Друг извор од руското Министерство за одбрана изјави дека Министерството за одбрана има намера да купи до 200.000 кинески мотоцикли и 60.000 други видови лесни возила – веројатно уште годинава..

Најнови вести од: Свет

Премиерот на Канада до Трамп за преименувањето на езерото Онтарио во „Америка“: Своето име го носи 400 години пред да настанат САД!

Канадскиот премиер Марк Карни се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“.

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

Во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал и Тибет животот го загубија најмалку 547 лица. Повеќе од 1.400 лица сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи стотици странски државјани, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на непалските и кинеските власти.

To top