Македонија

Премиерот најавува инвестиции за туристичкиот центар ,,Попова Шапка”

Премиерот потврди дека се договараат грандиозни инвестиции и дека се развива поширок концепт за центарот, со повеќе скијачки патеки отколку многу од големите алпски центри. Дел од планот е и изградба на нова жичарница од Тетово до Попова Шапка, која би овозможила работа на центарот 365 дена во годината, а не само во зимската сезона.

Премиерот Мицкоски потврди дека Владата разговара инвеститори за развој на туристичкиот центар „Попова Шапка“. Целта е центарот да стане еден од најголемите и најсовремени во Европа.

  • На вистинскиот пат сме. Не велам дека се сигурни сите детали, но имаме сериозен инвеститор и јас сум оптимист дека ќе ја достигнеме конечната цел – Попова Шапка да стане најубав туристички центар во регионот, рече Мицкоски.

Мицкоски потврди дека се договараат грандиозни инвестиции и дека се развива поширок концепт за центарот, со повеќе скијачки патеки отколку многу од големите алпски центри.

Дел од планот е и изградба на нова жичарница од Тетово до Попова Шапка, која би овозможила функционирање на центарот 365 дена во годината, а не само во зимската сезона.

  • Од меѓународен аеродром за 45 минути сте на пистата со скијачки чизми. Се работи за нова траса на жичарницата, но ќе ги соопштиме деталите подоцна, рече Мицкоски.

Според информации на Телевизија 21, инвеститорот за кој зборува премиерот е од Катар, за разлика од претходните најави за италијанската компанија „Алпин“ која беше промовирана од претходната влада.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top