Македонија

Заеднички Бадников ручек традиционално утре во Кавадарци

Бесплатен заеднички ручек на градскиот плоштад

Кавадарци и оваа година ќе го дочека Бадник во духот на заедништвото и солидарноста. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека по петти пат ќе се одржи традиционалниот Заеднички Бадников ручек, настан кој веќе прерасна во препознатлив симбол на празнична хуманост во градот.

Ручекот ќе се одржи на 6 јануари (вторник), со почеток во 11:00 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци, каде што сите граѓани ќе можат да споделат топол оброк и празнична атмосфера, без разлика на возраст или социјален статус.

– Најубавите празници се оние што се споделуваа – порача градоначалникот Јанчев, потенцирајќи дека идејата на настанот е Бадник да се дочека заедно – со трпеза, дружење и искрени насмевки.

Заедничкиот Бадников ручек е во организација на Општина Кавадарци, во соработка со општествено одговорни компании, кои и оваа година дадоа поддршка за реализација на настанот. За подготовка на храната ќе се погрижи шеф Горан Филипов, заедно со тим од реномирани професионални готвачи од Македонија.

Од општината упатуваат отворена покана до сите граѓани да присуствуваат и заедно да го одбележат Бадник, испраќајќи јасна порака дека Кавадарци обединува со хуманост, традиција и човечност.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Поплавени куќи во Кичево – состојбата алармантна, семејства итно евакуирани

Кичевчани, барем оние кои се загрозени, бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.

Самсунг (Samsung) одбројува до Милано Кортина 2026 со претставување на новиот ростер на тимот “Samsung Galaxy“

Нов тим составен од глобални спортисти предводници на патот кон претстојните Олимписки и Параолимписки Зимски Игри ќе го отелотвори верувањето на брендот дека „Отвореното секогаш победува

Грипот коси – пикот допрва доаѓа, што препорачуваат лекарите?!

Новогодишните прослави, како и собирите за време на празниците си го направија своето, односно го раширија грипот. Периодов ординациите на матичните лекари се полни со болни. Бројот на пациенти со симптоми карактеристични на грип почнал да се зголемува во последната недела од декември. Кај нас до сега има 1.725 нови случаи. ИЈЗ предупредува дека пикот допрва доаѓа и даде неколку препораки за заштита на граѓаните.

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево, поради електронско внесување податоци за патници без ЕУ-пасоши

Поради електронско внесување на податоци за патници, кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментно е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

To top