Македонија

Носејќи ја Божиќната ѕвезда, илјадници деца ја формираа Бадниковата поворка во цела Македонија

Оваа манифестација се одржува во повеќе од 80 градови и населени места низ Република Македонија, како и меѓу македонското иселеништво во Словенија, Италија, Австрија, Франција и САД.

Неколку илјади деца ја формираа денеска Бадниковата поворка низ повеќе градови во цела Македонија, носејќи ја Божиќната ѕвезда и пеејќи ја „Вечниот бог“. 

Точно на пладне, во 12:00 часот, оформената бадникова поворка пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, тргна од Музејот на Град Скопје и движејќи се по улица „Македонија“, пристигна на плоштадот „Македонија“, пред сцената поставена кај Божиќната пештера. На сцената, како круна на целокупната манифестација, е изведена „Божиќна авантура“ – голема музичко-сценска изведба во живо, во која учествуваа повеќе од 40 музичари, актери, пејачи и „Златно славејче“.

Една од организаторите на Бадниковите поворки Марија Саздева, истакна дека оваа музичко-сценска изведба е поинаква од другите и претставува кулминација на целата манифестација. Мјузиклот е реализиран под уметничко раководство на Владо Дојчиноски, со драматургија на Билјана Крајчевска, и преку музика и сценска приказна ја пренесува пораката за Рождеството Христово. -Целата таа еуфорија, светлина и збир на емоции во еден момент ќе застане на едно место и со 40 луѓе на сцената, актери, музичари, хорот „Златно славејче“ ќе направат сето тоа што сме го акумулирале низ сетилата да го интегрираме како трајно чувство што ќе остане до следната година, рече Саздева.

Таа посочи дека оваа Божиќна авантура е динамично-сценска изведба, наменета првично на децата да им се приближи божиќниот настан низ една фантазија. Вели дека на младите генерации мора автентично да им се доближи божиќниот настан, на начин на којшто ќе можат да го разберат и за да самите да стигнат до некои клучни пораки коишто и возрасните многупати ги забораваат.

Пораката од оваа манифестација, велат организаторите, е да останеме на страната на светлината. -Тешко е да се остане на оваа страна во ова време на преплавеност од информации, од секакви традиции што ни се наметнуваат од странство, и нашата дијаспора многу свесно влегува во оваа приказна, дијаспората во неколку држави во САД, потоа во Франција, Австрија, Словенија, Италија, масовно се рганизирани со повеќе радови да се вклучат во бадниковите поворки . Тоа заедништво, таа припадност, да не заборавиме кои сме, и да го чуваме ова што ни е свето со дела, вели Саздева.

Централната Бадникова поворка во Скопје обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои заедно со општинските тимови во претпладневните часови ги пречекаа и даруваат коледарчињата во своите општини. Потоа, со организиран превоз, децата и нивните семејства се упатија кон централната манифестација. Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнични посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, споделувајќи ја радосната вест за Христовото Рождество.

Во Соборниот храм децата ја пееја песната „Вечниот Бог“, којашто ја најавува радосната вест за Христовото раѓање. Неговото Блаженство г.г. Стефан ги даруваше децата со архипастирски благослов и пригодни подароци, пренесувајќи ја пораката за верата, љубовта и духовната радост – вредности што Бадниковите поворки ги негуваат и пренесуваат веќе 16 години. Веќе 16-та година по ред, Бадниковите поворки претставуваат симбол на светлина, заедништво и достоинствено празнување на Бадник во земјава и пошироко. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Поплавени куќи во Кичево – состојбата алармантна, семејства итно евакуирани

Кичевчани, барем оние кои се загрозени, бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.

Самсунг (Samsung) одбројува до Милано Кортина 2026 со претставување на новиот ростер на тимот “Samsung Galaxy“

Нов тим составен од глобални спортисти предводници на патот кон претстојните Олимписки и Параолимписки Зимски Игри ќе го отелотвори верувањето на брендот дека „Отвореното секогаш победува

Грипот коси – пикот допрва доаѓа, што препорачуваат лекарите?!

Новогодишните прослави, како и собирите за време на празниците си го направија своето, односно го раширија грипот. Периодов ординациите на матичните лекари се полни со болни. Бројот на пациенти со симптоми карактеристични на грип почнал да се зголемува во последната недела од декември. Кај нас до сега има 1.725 нови случаи. ИЈЗ предупредува дека пикот допрва доаѓа и даде неколку препораки за заштита на граѓаните.

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево, поради електронско внесување податоци за патници без ЕУ-пасоши

Поради електронско внесување на податоци за патници, кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментно е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

To top