Свет

Кошта: ЕУ мора да се подготви да прифати нови членки

Проширена Европска Унија значи посилна, побезбедна и помирна Европа и дома и во странство, па затоа следното проширување кон Украина, кон Молдавија и кон Западниот Балкан е клучно за зајакнување на ЕУ

„За да го направиме проширувањето реалност, мора да дејствуваме на два фронта истовремено. Прво, треба да продолжиме со реформите во земјите кандидатки. Второ, Европската Унија мора да се подготви да прифати нови членови, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на свеченоста во Никозија па повод стартот на кипарското претседавање со Советот на ЕУ во првите шест месеци од 2026 година.

Според него, во контекст на тековните мировни преговори во Украина, напредокот во проширувањето е особено итен во следните месеци, со цел да се одрази импресивното темпо на реформите од страна на Киев.

„Но, 2026 година е важна и за пристапувањето на Молдавија и партнерите од Западниот Балкан. Црна Гора, на пример, во следните 12 месеци може ги заврши пристапни преговори и се надеваме дека изготвувањето на нивниот договор за пристапување може да започне многу наскоро за време на вашето претседателство“, рече тој.

Кошта додаде дека нема сомнеж оти Кипар ќе продолжи да работи на изградба на побезбедна, попросперитетна, поангажирана и пообединета Европа и со својата „сопствена историја на окупација и поделба“, ќе даде конкретно разбирање на клучната вредност на меѓународното право за мир и стабилност меѓу народите.

Ова е второ Кипарско претседавање со Советот на ЕУ, по она во втората половина на 2012 година, и овој пат тоа ќе биде под мотото „Автономна Унија. Отворена кон светот“.

Приоритети на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, што ќе трае до 30 јуни годинава, ќе бидат поддршката на Украина, зајакнувањето на европската одбранбената подготвеност заедно со континуиран ангажман со САД, подобрување на односите со Велика Британија, развивањето нови трговски односи со трети земји и зајакнување на врските со „јужното соседство“.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

To top