Македонија

Мицкоски: Приоритет на Владата е грижа за семејствата и најмладите со градење градинки, за да се охрабруваат брачните двојки за дете повеќе!

„Нашиот приоритет како Влада е политиката за семејствата, грижата за најмилите, за најмладите продолжува и понатаму во периодот којшто следи, бидејќи останува на младите иднината. Ние треба да ја направиме таа иднина поперспективна. На овој начин на голем број брачни двојки им се олеснува начинот на функционирање, а истовремено и сите тие се охрабруваат да се одлучат за дете повеќе, за новороденче повеќе, за да можат детските градинки да бидат колку е можно повеќе исполнети.“ – изјави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес при пуштањето во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ во Гевгелија.

Премиерот Мицкоски дополни дека со овој објект во Гевгелија веќе нема да има листа на чекање, или оти таа листа ќе биде многу мала.

„Посакувам уште многу вакви убави проекти, со кои ќе додадеме квалитет во животите на гевгеличани. Во периодот, што следи, привршуваат и ќе бидат ставени во функција уште многу градинки, кои се почнати кон крајот на 24-та година и 25-та година. Многу од проблемите коишто во минатото ги следеа овие проекти се отстранети, засилена е динамиката на реализација и изградба на самите објекти, но истовремено и примањето на нов кадар, лиценциран кадар, е исто така интензивирано, нешто што во минатото беше закочено.“ – посочи  Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top