Свет

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на поглаварот на УПЦ, Онуфриј

Причина за указот – митрополитот доброволно добил руско државјанство во 2002 година, но го криел

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ со кој му се одзема државјанството на митрополитот Онуфриј, поглавар на Украинската православна црква (УПЦ), непризната од Вселенската патријаршија, која во 2019 година ѝ даде томос за автокефалност на Православната црква на Украина (ПЦУ).

Онуфриј имал руски пасош од 2002 година, но го криел своето руско државјанство и го искористил статусот на украински државјанин.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) денеска објави информации за случајот со првиот човек на црквата на која Киев ѝ го додава „Московска патријаршија“ во името, за да ја разликува од ПЦУ.

„Врз основа на материјалите на СБУ, украинското државјанство на Орест Березовски, кој е попознат како претстојател на УПЦ (МП), Онуфриј, е одземено. Соодветниот указ го потпиша претседателот на Украина Володимир Зеленски“, се вели во соопштението на СБУ.

Според СБУ, Онуфриј одржува контакт со Руската православна црква-Московска патријаршија, која ја поддржува војната против Украина. Тој, исто така, намерно се спротивставил на напорите за добивање канонска независност за Православната црква на Украина од Москва.

 

Најнови вести од: Свет

Германија воведува задолжителна воена обврска од 2026 година – кој ќе одбие оди во притвор

Во врска со трансродовите лица, се наведува дека законот се базира на податоци од матичната книга на родените и дека секој што е регистриран како маж во матичната книга мора да се регистрира. Планирано е првите прашалници да бидат испратени кон средината на јануари. Министерството за одбрана очекува Бундесверот да контактира со околу 54.000 млади луѓе секој месец.

Трошат милијарди: Што купуваат Европејците најмногу за новогодишни подароци?!

Подароците би можеле да бидат поскапи оваа година, бидејќи годишната инфлација во еврозоната се проценува на 2,2 проценти во ноември 2025 година, во споредба со 2,1 процент еден месец претходно, според податоците на Евростат.

Најнови вести

To top