Македонија

Угостителите збунети од новиот закон за пушење

Секторот кој вработува десетици илјади луѓе во страв од новиот закон за пушење

 

Новиот закон за заштита од пушење ќе биде оценет како катастрофален за корисниците на цигари и други средства за уживање на тутунски производи но најмногу штета може да почувствуваат угостителите.

Дел од нив се плашат дека со законот ќе се намали работата во кафеаните и угостителските објекти кои ќе мора да обезбедат забраната да се почитува инаку ќе се плаќаат казни.

Од друга страна тој се гледа како шанса за опоравување на нацијата од болестите поврзани со пушењето.

 

Законот предвидува целосна забрана во сите затворени јавни простори, ограничување на електронски цигари и ароматизирани тутунски производи, како и целосно скривање на цигарите во маркетите.

Македонија се подготвува за радикален пресврт во законот за забрана на пушење. Според новиот предлог-закон, забраната ќе важи во сите затворени јавни простори, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи ќе бидат драстично ограничени. Цигарите целосно ќе се тргнат од видното поле на купувачите во маркетите, овјави Телма.

 

Законот е скроен и наскоро ќе биде ставен на јавна расправа. Во сегашната верзија се предвидуваат ригорозни правила за сите затворени јавни институции и угостителски објекти.

„Забраната важи за сите угостителски објекти за исхрана, вклучувајќи ресторани, барови, меани и кантини“, се наведува во предлог-законот.

Пушењето ќе биде забрането и на терасите на кафеаните, доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни. Забрана ќе важи и во автомобил во присуство на дете, на автобуски и железнички станици, пазари и редица други јавни простори.

 

Истата забрана ќе важи и за сите видови електронски цигари и вејп уреди, а дополнително се забранува користење ароматизирани тутунски производи.

„Се забранува производство, увоз, дистрибуција, продажба и ставање во промет на тутунски и никотински производи кои содржат ароми или вкусови“, се наведува во предлог-законот.

Исто така, цигарите, било обични, било електронски, ќе бидат целосно скриени и нема да смеат да се рекламираат или да бидат видливо изложени на рафтовите.

 

Министерството за здравство, кое го подготви законското решение, посочува дека целта е заштита на граѓаните и спречување на здравствена катастрофа.

 

– Со предлог-законот се предвидува воведување појасни и построги правила за заштита на здравјето на граѓаните, со фокус на превенција и заштита на децата и младите. Целта е намалување на изложеноста на чад и аеросоли и спречување на нови генерации зависници – велат од Министерството за здравство.

 

Според податоците од Фондот за здравство, стапката на пушење кај возрасни надминува 45%, што е далеку над европскиот просек. Половината од пушачите консумираат повеќе од 20 цигари дневно, а годишно околу 4.000 лица умираат од болести поврзани со пушењето.

 

Со воведувањето на овие построги мерки, Македонија се стреми да се приближи кон европските стандарди за заштита од тутун, да го намали бројот на пушачи и да спречи создавање нови генерации зависници.

Најнови вести од: Македонија

Царинските службеници опремени со телесни камери

Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамките на кривичниот оддел при Министерството за правда на САД, денеска официјално беше промовиран на граничниот премин Табановце

Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски

Користење фосилни горива во Европа и Македонија

Македонија емитува околу 6,6 до 7,3 милиони тони CO2 во апсолутен износ на годишно ниво. Кога оваа бројка ќе се подели со бројот на жители, се добиваат емисиите на СО2 во тони по жител на годишно ниво и тие изнесуваат 3,5 до 3,6 тони, а тоа е значително подобро од просекот на ЕУ кој изнесува околу 5,5 тони, пишува во колумна професорот Ристо Цицонков.

To top