Македонија

Нови блокади на граничниот премин „Евзони“ – денес од 17 до 23 часот по македонско време

Грчките земјоделци повторно ќе го оневозможуваат влезот во Грција.

Граничниот премин „Евзони“ кон Грција денеска ќе биде затворен шест часа поради протестите на грчките земјоделци, кои најавија нова блокада од 17 до 23 часот по македонско време.

Во овој период ќе биде оневозможен влезот и излезот од Грција за сите категории возила, вклучувајќи камиони, патнички автомобили и автобуси.

Истата мерка беше применета и вчера, а земјоделците сигнализираат дека во наредните денови одлуките за блокадите ќе бидат донесени во последен момент, особено во контекст на најавената средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, која е планирана за вторник.

Дополнителни ограничувања постојат и на граничниот премин Ники (Меџитлија), каде е воведена забрана за сообраќај на товарни возила до утре до 10 часот.

Протестите во Грција влегоа во нова фаза откако земјоделците стартуваа 48-часовната акција со блокади на различни локации низ земјата.

Протестите започнаа на 30 ноември и траат повеќе од 40 дена, со речиси секојдневни блокади на клучни патишта и сообраќајни точки.

„Фокус“

Најнови вести од: Македонија

Младите најчесто експериментираат со марихуана и синтетичка дрога

Значителен дел од малолетниците во Општина Гевгелија експериментираат со наркотични средства, особено со марихуана и синтетичка дрога, кои ги користат при групни собири, викенд забави и слично. Ова е дел од информацијата за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанции кај младите од Гевгелија, која на денешната седница беше презентирана пред општинските советници

Полицајците добиваат ново овластување: Итна мерка за жртвата на семејно насилство и насилникот да го отстранат од домот

Семејното насилство е проблем што со години бил јасно видлив и во институционалната пракса, но и во статистиката и предолго се третирал фрагментирано со задоцнета реакција и без суштинска координација меѓу институциите, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната надзорна расправа организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите

To top