Македонија

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Денеска се спроведува гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор, во рамки на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), вкупно 107 болни и немоќни лица имаат можност да го остварат своето право на глас. Право на гласање имаат и девет лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Гласањето на затворениците се спроведува во три казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во Скопје, Штип и Тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот.

Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач. Од нив, 56 се домашни, а пет се меѓународни.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

Најнови вести

To top