Македонија

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја потврдува посветеноста на компанијата кон користење на капацитетите и експертизата на домашниот телекомуникациски сектор.

Соработката опфаќа услуги за сместување на серверска и телекомуникациска опрема во дата-центар (колокација), поврзување со транспортната мрежа (backhaul) и други инфраструктурни решенија неопходни за развојот на новата мрежа. Првата серверска опрема на Оне Македонија веќе пристигна во дата-центарот на Неотел АД, што претставува конкретен напредок во воспоставувањето на технолошките капацитети на компанијата.

Користењето на постојната телекомуникациска инфраструктура создава услови за ефикасна реализација на проектот и понатамошен развој на ИКТ-секторот. Истовремено, технолошките ресурси лоцирани во Македонија имаат важна улога во безбедноста, управувањето и заштитата на корисничките податоци и податоците за телекомуникацискиот сообраќај, во согласност со важечките регулаторни барања.

  • „Нашата стратегија беше јасна уште од самиот почеток: модерна телекомуникациска мрежа подготвена за иднината, а истовремено и силни партнерства со локалните компании. Неотел има важна улога во оваа визија. Пристигнувањето на првите сервери е доказ дека веќе ги поставуваме темелите на нашиот технолошки развој“, изјави Брано Ѓуровиќ, главен извршен директор на Оне Македонија по потпишувањето на договорот.

Покрај техничките аспекти, овој проект има и пошироко значење за телекомуникацискиот пазар во Македонија. Вклучувањето на локалните компании и користењето на нивната експертиза создаваат дополнителни можности за размена на знаења, зајакнување на домашните капацитети и долгорочен развој на дигиталниот сектор во Македонија.

  • „Горди сме што Оне Македонија го избра Неотел АД за свој стратешки инфраструктурен партнер во еден од најзначајните телекомуникациски проекти во земјата. Довербата што ни е укажана да обезбедиме мрежно поврзување, услуги на дата-центар и техничка поддршка претставува признание за знаењето и инвестициите што ги развивавме низ годините. Преку ова партнерство, на новиот мобилен оператор ќе му ја обезбедиме висококвалитетната критична инфраструктура неопходна за функционирање на безбедна, напредна и високо достапна 5G-мрежа, придонесувајќи кон понатамошниот развој на телекомуникациите и дигиталната трансформација на Македонија“, изјави Даме Цветковски, генерален директор на Неотел АД.

Оне Македонија, дел од унгарската Групација 4iG, како трет мобилен оператор во земјата, ќе внесе нова динамика во телекомуникацискиот сектор, додека партнерствата со локалните инфраструктурни компании имаат важна улога во создавањето на техничките и оперативните предуслови за идните активности на операторот.

Со пристигнувањето на првата серверска опрема и воспоставувањето на стратешката соработка со Неотел АД, Оне Македонија продолжува да остварува конкретен напредок во реализацијата на своите инвестициски планови. Неотел АД е етаблиран телекомуникациски оператор и давател на инфраструктурни услуги во Македонија, кој нуди напредни решенија за податочно поврзување, услуги на дата-центар и ИКТ-решенија за деловни корисници, јавни институции и домаќинства.

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top