Македонија

Утринава на Попова Шапка најстудено, минус 8 степени, но и најмногу снег, 31 сантиметар

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено. Претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 08:30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија.

Изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнале 39 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 26 во Пожаране, 25 Охрид, 24 во Крушево, 17 во Тетово, 16 во Претор, 14 во Попова Шапка, 8 во Битола, 7 во Крива Паланка и Прилеп, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Виница, Куманово и Ѓуриште, 4 во Берово, 3 во Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија и Тополчани, како и 2 литра на метар квадратен во Радовиш, Пожар, Велес и Штип.

Висината на снежната покривка во Крушево е 14 сантиметри, во Охрид и Ѓуриште е 5, во Тетово и Берово два, а во Прилеп еден сантиметар.


Најнови вести од: Македонија

(Видео): Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, рече Мицкоски

Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

To top