Хроника

Меѓународна потерница по Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје

МВР го идентификува лицето што усмрти жена со возило на улица кај трговскиот центар „Беверли Хилс“

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница по 18-годишниот Саит Саитов од Скопје, кој пред неколку дена со возило усмрти жена на улица кај трговскиот центар „Беверли Хилс“.

Синот на Берти, кој веднаш по несреќата со него ја напуштиле државата, и на Ганимете од Скопје се гони по барање на Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик, се додава во соопштението на МВР.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top