Македонија

Владиката Агатангел во 2024: Цариградската патријаршија и Вартоломеј ли ќе ни наложуваат име на Македонската православна црква – Охридска архиепископија?!

„Верниот и богољубив македонски православен народ активно се црквува во Автокефалната Света Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Народот си ја доживува Македонската православна црква – Охридска архиепископија како своја духовна мајка.“ – има наведено владиката Агатангел во своја колумна во 2024 година.

Митрополитот Агатангел на Македонската православна црква – Охридска Архипископија во јуни 2024 година искажа став: „Цариградската патријаршија ли ќе ни го наложува насила името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија?“

Во својата колумна, пак,  со наслов „Маршот на фанариотите“ исто така од 2024 година Агатангелг, покрај другото, има истакнато: Па кој подобро од нас свештениците го познава црковен Цариград? Сè уште ги памтиме делата на Велешкиот владика Игнатиј, кој во свое време, иако прост и неписмен, организирано ги собрал сите книги на македонски и словенски јазик и ги запалил во Согленскиот манастир. Ги памтиме и делата на Костурскиот Владика Германос Каравангелис (исто така од Цариградската патријаршија), кој бил директен учесник во убиствата на невини луѓе и во палежите на македонските села во Костурско. Памтиме како на нашите браќа и сестри во Егејска Македонија на сила од грчките попови им беа наметнувани грчки имиња при Светото крштение.

Жестокиот борец против пропагандите на Бугарската егзархија и Грчката Цариградска патријаршија и застапник на возобновувањето на автокефалноста митрополитот скопски Теодосија Гологанов уште во своето време има кажано: „Бугарската Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи… Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А, Бугарската Егзархија го убива ова другото, постојаното… Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во словото на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква.”.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top