
Најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ ја шокираше јавноста со најава на можноста на тениските терени да остане уште цели три години.
Во подкастот ,,Отварање” Ѓоковиќ вели дека единствената мотивација што сега го води е настап на следната Олимпијада.
Тој зборува за годината 2028 кога Олимпијадата се одржува во Лос Анџелес, САД.
Ѓоковиќ кој сега има 38 години во 2028 година ќе има полни 41 години.
Тој е најстариот играч што бил на првата позиција на АТП листата (37 години и 16 дена) и најстар тенисер кој бил на чело на листата на крај на една година со 36 години и 7 месеци.
Изјавата е на овој линк