Македонија

ТИТАН Усје работи согласно законот – неоснованите обвинувања се тенденциозни и не придонесуваат кон изнаоѓање на одржливи решенија

Неделен извештај

ТИТАН Усје е одговорна компанија која, во сите сегменти од своето работење, работи согласно домашната регулатива. Kомпанијата ги применува најдобрите достапни практики во производството и применува технологија идентична со најдобрите компании од цементната индустрија во Европската Унија.

Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, но смета дека нападите кон нејзиното работење, кои не се темелат на аргументи и податоци, се некоректни и тенденциозни, и воедно не придонесуваат за изнаоѓање на вистински одржливи решенија за ваквата состојба.

Во интерес на вистината би сакале повторно да ги истакнеме фактите дека ТИТАН Усје целосно ја почитува законската регулатива во сите области од своето работење, ги применува светските добри практики во производство на цемент и на јасен и транспарентен начин комуницира со сите засегнати страни.

Имено, согласно домашната регулатива, која во овој сегмент е идентична со онаа на Европската унија, ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни (неделен извештај даден во прилог).

Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните дозволени гранични вредности. Тоа е овозможено со високоефикасен, комплексен систем на современи филтри кои фабриката ги има инсталирано и задолжително работат секогаш кога работат и производните линии. Покрај тоа компанијата континуирано инвестира во модернизација на технолошките процеси. Имено, во изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за унапредување на заштитата на животната средина.

Бројките недвосмислено покажуваат дека и кога ТИТАН Усје не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје. Сите независни студии укажуваат дека , индустријата има помало влијание на квалитетот на амбиенталниот воздух споредено со загревањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено. Како компанија која во целост работи согласно утврдените законски рамки, секогаш ќе настојуваме на почитување на принципите на владеење на правото. Како активен член на заедницата во изминатите 70 години, подготвени сме да помогнеме во сеопфатно решавање на системскиот проблем, со цел да се надминат состојбите со лошиот квалитет на воздухот во градот, што е во интерес на сите нас.

Притоа секогаш ќе инсистираме на соработка и дебата базирана на факти и докази, а не на паушални заклучоци и ќе бидеме јасни и прецизни во нашиот став – изворите да се бараат на вистинските места. Во прилог редовните неделни извештаи од мерењата на емисиите кои се јавно достапни.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. На денешен ден пред 74 години е испечатена „Граматика на македонскиот литературен јазик. Дел I: Увод. За гласовите. За акцентот“. Во 1954 година е излезена од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик. Дел II: За формите и нивната употреба“. Од вкупно 7.170 постојни живи јазици во светот, колку што истакнува „Етнолог“ (светска научна платформа за бележење и документирање на јазиците) дека ги има денес, лингвистот Харалд Хамарстром истражувал 6409 јазици во својата студија „Јазичната и јазичната еволуција“ од 2017 година и констатирал дека речиси половината од нив „недостасува каков било вид граматички опис“. Појасно кажано, речиси 3200 од сите светски јазици немаат никаква своја напишана граматика, но тоа воопшто не значи дека тие јазици немаат свои автентички граматички и други структури и внатрешни законитости. Но значи дека речиси 3200 народи, или етнички групи во светот, немале свои луѓе да се обидат, или и конечно да им напишат научна граматика, како што ги имал македонскиот народ своите Партенија Зографски, Венијамин Мачуковски, Димитар Миладинов, Ѓорѓија Пулевски, Крсте Мисирков и „лозарите“, сѐ до Круме Кепески и Блаже Конески.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2021-2027

Заинтересираните организации се повикуваат навремено да започнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози.

Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше само 124.000 гласа – Платформата 12:05 е оправдана!

„Ова што се случува (во СДСМ) не е нешто непознато во политиката, после пораз на избори СДСМ на локалните избори претрпе сериозен пораз, имаше само 124 илјади гласа’’ посочи поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на гостување во МРТ.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка, поради „лични причини“

Јовица Андовски повеќе нема да ја извршува функцијата заменик-министер за здравство, откако поднесе оставка од лични причини. Во писмото со кое се повлекува од функцијата, тој му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата, поддршката и досегашната соработка.

Најнови вести

To top