Свет

Си го убил таткото, бидејќи му го одзел “Нинтендото“

На момчето му е одбиено ослободување со кауција откако бил приведено

Момче (11 г) од Пенсилванија е обвинето за убиство откако го застрелал својот татко откако му ја одзел конзолата за „Нинтендо).
Насатнот се случил на 13 јануари во семејниот дом објавува The Guardian.

Полицијата била повикана во домот на семејството околу 3:20 часот наутро поради пријава за „маж во несвест“. По повик, полицајци пристигнале и го пронашле 42-годишниот Даглас Диц мртов во кревет со прострелна рана во главата. Жртвата била пронајдена во спалната соба што ја делел со својата сопруга.

Властите го идентификувале 11-годишниот син на жртвата како осомничен по истрагата.

Момчето им рекло на полицајците дека го пронашол клучот од сефот за оружје во фиоката во спалната соба на неговиот татко. Го отклучил додека го барал својот Nintendo Switch, кој претходно му бил одземен, и го пронашол пиштолот внатре.

Според полицискиот извештај, момчето, кое тој ден го славело својот роденден, влегло во собата викајќи: „Тато е мртов“. Полицајците, исто така, го слушнале како ѝ вели на мајка си: „Го убив тато“.

Синот потоа признал, според изјавата под заклетва, дека „го извадил пиштолот од сефот, ги ставил куршумите во него и отишол до страната од креветот на неговиот татко“. „Тој го повлекол чкрапалото и пукал во својот татко“, се вели во полициското соопштение.

Кога го прашале што мисли дека ќе се случи, момчето рекол дека е „налутен“ и „не размислувал за тоа“.

На момчето му е одбиено ослободување со кауција откако бил приведен. Судското рочиште е закажано за 22 јануари.

Најнови вести од: Свет

Доналд Трамп им се закани на сите земји кои нема го поддржат за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, повторно ги разниша трансатлантските односи со изјавата дека „Гренланд мора да биде под американска заштита“, бидејќи го смета островот за стратешки клуч за безбедноста на САД поради резервите на редки минерали. Трамп не ја исклучи ниту можноста за употреба на сила, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу Европа и Вашингтон.

To top