Македонија

Андоновски: Е-услугите стануваат стандард, а сајбер-безбедноста државен приоритет

Министер за дигитална транформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека електронските услуги ќе станат секојдневие за граѓаните, без шалтери, чекање и непотребна документација. Во интервју за Radio Slobodna Evropa na Makedonski, Андоновски истакна дека дигиталната трансформација влегува во фаза на конкретна и мерлива реализација, со јасни рокови, буџети и носители на проекти.

Како што посочи министерот, приоритет во наредниот период е проширување на порталот за електронски услуги со нови дигитални процеси, кои ќе овозможат автоматска достава на решенија и уверенија, без физичко присуство на граѓаните во институциите. „Целта е документите да се добиваат брзо, едноставно и електронски. Е-услугите треба да бидат правило, а не исклучок“, нагласи Андоновски, најавувајќи дека нова серија електронски услуги ќе биде промовирана веќе следната недела.

Во интервјуто беше истакнато и дека сајбер-безбедноста станува државен приоритет, по години на импровизации и недостиг од системски пристап. Според Андоновски, за првпат се воспоставува јасна законска рамка со безбедносни стандарди, обуки и оперативни тимови, со цел заштита на податоците на граѓаните и институциите. „Безбедноста е предуслов за успешна дигитализација“, посочи министерот.

Третиот столб на дигиталната трансформација, според најавите, е системското воведување на вештачката интелигенција во институциите. Во тек се активности за развој на национален модел на македонски јазик, како и дигитални решенија што треба да ја забрзаат работата на администрацијата и да го намалат административниот товар за граѓаните.

Станува збор за проекти планирани за 2026 година, кои веќе влегуваат во фаза на реализација. „Суштината на дигиталната трансформација е повеќе време за граѓаните и помалку време изгубено во бирократија“, порача министерот Андоновски.

 

Најнови вести од: Македонија

Во изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д во ноември лани ангажирани 2130 работници

На Делница 1, Тетово-Гостивар, достапни за работа се 13 километри од 17,5 километри, на Делница 2, Гостивар-Букојчани, достапни се 9,6 километри од 31 километар, а на Делница 4, Прилеп-Битола, достапни се 22 километри од 40 километри

To top