Македонија

За ексминистерот за внатрешни работи на Албанија Демирај Вевчанскиот карневал е „марш на српско-македонскиот фашизам“?!

„Срамната парада во Вевчани, кај Струга, овој месец, претставуваше марширање на српско-македонскиот фашизам, бидејќи на улиците во Вевчани се славеа масакрите во Хрватска и Босна и Херцеговина и геноцидот во Косово, извршен од српските четници. Таа парада беше марш на омраза од луѓе без совест, кои ги слават злосторствата против човештвото, крвта на децата, жените и невините цивили во Хрватска, Босна и Косово. Ова не е ‘комеморација’, туку славење на криминалот и варварството.“ – тврди Дритан Демирај од Албанија, во својата скандалозна колумна со наслов „Генералот Демирај: Аркан маршира повторно – српскомакедонскиот фашизам на улица, Албанците во молк“. Дритан Демирај е поранешен високорангиран и повеќекратно одликуван офицер во албанската армија, командант на нејзините специјални единици „Командоси“. Во 2017 гоина бил министер за внатрешни работи на Албанија. Тој е и доктор на науки по меѓународни односи и безбедност.

Во колумната, објавена од информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, Демирај изнесува: „Иако поминаа повеќе од 30 години од масакрите во Хрватска и Босна и Херцеговина и 26 години од геноцидот во Косово, извршен од српските четници, дури и во 2026 година српско-македонските идеолошки остатоци продолжуваат да парадираат по улиците, славејќи го касапот на Балканот Аркан. Можеа да се видат глетки од срамната парада одржана во Вевчани, во близина на Струга, во јануари 2026 година, што претставуваше марш на омраза од луѓе без совест, кои ги слават злосторствата против човештвото, крвта на децата, жените и невините цивили во Хрватска, Босна и Косово. Ова не е ‘комеморација’, туку славење на криминалот и варварството.

„Овие паради се плукање врз гробовите на жртвите и нов нож во раните на семејствата, што сè уште бараат правда. Тие се јасен доказ дека фашистичкиот и геноциден начин на размислување не исчезнал, туку се негува и отворено се толерира. Ништо овде не е случајно, овие дејства се дел од темните антизападни агенди, насочени кон дестабилизација на регионот и враќање на духот на војната. Уште поскандалозно е криминалното молчење на албанската политичка класа, и тука и таму преку границата. Ги затвораат очите пред фашистичките провокации, само за да ги зачува сопствените фотелји.“

„Кога доаѓа работата да ги крадат гласовите на Албанците овие ‘преродбеници“ викаат гласно ‘татковина’, ‘народ’. Но, кога треба да го бранат албанското национално достоинство пред Србите и Македонците, тие се поклонуваат, молчат и бесрамно ги спуштаат панталоните. Ова јасно го видовме и во Албанија и во С.Македонија. Срамота-предавство.“ – наведува Дритан Демирај на крајот на својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Бојан Маричиќ е предложен од СДСМ за претседател на Државната изборна комисија

За седумчлениот нов состав на ДИК пријавени беа вкупно 16 кандидати Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и […]

Мицкоски: Како трет мобилен оператор „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони евра, ќе се намалат цените на услугите!

„Денот во Давос го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако ги упати парите, што се потребни за добивање на лиценцата. Тој ме информираше дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој како трет мобилен оператор. Граѓаните добиваат нова компанија, што ќе нуди мобилни услуги и  којашто, сигурен сум, ќе влијае позитивно за  намалување на цените на услугите кои, што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија.“ – изјави премиерот Хритијан Мицкоски.

Лажни мејлови од Бирото за јавна безбедност за наводни „кривични истраги“ – не отворајте ги!

Во последните денови, МВР регистрира зголемен број пријави од граѓани кои добиле електронски пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, или од Единицата за сајбер безбедност. Во пораките, примачите се предупредуваат дека се предмет на кривични истраги за сериозни злосторства како детска порнографија, педофилија или трговија со дрога и им се наложува да се јават во полициска станица или да испратат повратен имејл во рок од 24 часа.

Македонска делегација запали вечен пламен во , ,Ваш Јадем” и разговараше за високи технологии

Благодарност за спасителите на жртви од Кочани и дебата за високо-технолошки практики за земјоделие и одгледување на земјоделски култури во многу специфични климатски услови

To top