Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Судскиот совет со мнозинство гласови му го одзеде имунитетот на судијата во Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов и го одобри барањето на скопскиот Основниот кривичен суд да му биде одредена мерка куќен притвор, како што претходно предложи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Покрај овие две одлуки, Судскиот совет одлучи и судијата Ристов времено да биде оддалечен од вршењето на судиската функција, а се до правосилно завршување на кривичната постапка.

Осомничениот апелациски судија се гони за три кривични дела – противправно стекнување и прикривање имот, според членот 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и за перење пари и други приноси од казниво дело. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека по сослушувањето на судијата Ристов, против него е поведена истражна постапка, за наведените кривични дела, а откако викендот во неговиот семеен дом во Неготино истражните органи пронајдоа 350 000 евра соѕиадни во простор од ѕид. Според ОЈО ГОКК, постојат основани сомненија дека парите се стекнати на незаконски начин.

Од Обвинителството до судот доставија предлог на судијата да му биде определена мерка куќен притвор, но за да се ефектуира мерката се чекаше на одлука на Судскиот совет, бидејќи според Законот за судовите, судиите уживаат имунитет во своето работење и не можат да бидат притворени без одобрување на Советот, освен во случај ако е затекнат во вршење на кривично дело за кое пропишана казна затвор од пет години.

За одземање на имунитетот на судијата Ристов и одобрувањето на одлуката тој да оди во куќен притвор „за“ гласаа сите десет присутни членови на Судскиот совет на седницата.

Инаку, ова беше прва седница на која присустуваа и за донесување на одлуките гласаа двете нови членки на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, кои минатата недела беа избрани на функциите од Собранието, а на предлог на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Покрај нив, на седницата беа присутни и членовите Аритон Ала, Исамедин Лимани, Антоанета Димовска, Ивица Николовски, Данка Ристова, Ханиф Зендели, Џенета Бектовиќ и Павлина Црвенковска.

Поради користење денови од одмор не беше присутен претседателот на Советот, Александар Камбовски, поради што со седницата претседаваше неговиот заменик Аритон Ала. Во салата за состаноци на Судскиот совет не беше и членката Тања Чачарова-Илиевска, која извесен период е на боледување. Инаку, јавноста не можеше да ја слушне дискусијата по поднесеното барање на Кривичен, бидејќи сите присутни членови на Советот одлучија да ја исклучат, повикувајќи се на членот членот 43 став до Законот за Судски совет.

Најнови вести од: Македонија

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

Литовски: Битолскиот одред „Пелистер“ разбиен на 3.5.1942 од бугарските окупатори, кои ја усмртија Елпида, влечејќи ја врзана за кола низ селата, за да ги заплашат Македонците!

На денешен ден, на 3 мај 1942 година, над селото Ореово, Битолско, Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ бил опкружен и разбиен од бугарската фашистичка окупаторска војска и полиција, откако преку предавство бил лоциран еден ден претходно. Оваа единица на НОВ и ПО на Македонија била формирана на 22 април 1942 г. од 19 борци. Во борбата загинаа народниот херој Елпида Караманди, која била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Сите биле борци на овој партизански одред. Ова го истакнува универзитетскиот професор и историчар д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје во својата научна статија со наслов „ 3.

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

„МКД.мк“: Во Липково вчера се „славеше„ „слободна територија Карадак“ од конфликтот во 2001 година!

Во Липково вчера беше „прославен“ 2 мај, за општината познат како „Ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“, Кумановско, и како Ден на општината. На својот фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата на Албанците од колицијата Вреди, напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата „оддадоа почит на мачениците кои ги положија своите животи во 2001 година“. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“

Најнови вести

To top