Македонија

Сиљановска Давкова: Проширувањето не е само тест за кандидатите, туку и за демократскиот капацитет на ЕУ

Ние не можеме да бидеме Пенелопа којашто, чекајќи го Одисеј, нон стоп да го менуваме уставот, на барање на некој однадвор, рече претседателката

 На традиционален годишен прием за дипломатскиот кор во Охрид, пред претставници на амбасадите и меѓународните организации претседателката на Македонија упати силна порака за мир, дијалог и еднаков третман на државите во европската интеграција.

Но, и критика кон пристапот на ЕУ, нагласувајќи ја опасноста од политичка арбитрарност и двојни стандарди.

„Ние не можеме да бидеме Пенелопа којашто, чекајќи го Одисеј, нон стоп го менува Уставот, на барање на некој однадвор, заборавајќи дека е закон над законите, односно lex superior, којшто треба ретко и со рака што трепери да се менува, како што велеше белгискиот професор Вињи, како и најважниот општествен договор на македонските граѓани, како што пишуваше Русо.

Како е можно, односно не е ли хипокризија и цинизам да се повикуваш на национален уставен патриотизам и на консензусот како брана од промена на конститутивните акти на ЕУ, а да бараш од една држава да исполни „ само уште еден услов“, да направи „само уште една отстапка и уставна промена“, оти така сакал соседот, така препорачувал известувачот или Европскиот совет!“, рече претседателката.

Додаде и дека тешко е да се живее во перманентна неизвесност.

Чудно е да се повикуваш на Копенхашки критериуми, а да инсистираш на балкански барања, да очекуваш реформи и владеење на правото, а да толерираш билатерализација, ветоизација и двојни стандарди, рече Сиљановска Давкова..

„Ако проширувањето стане процес во кој секој нов член го редефинира патот на следниот – Унијата ќе го изгуби она што ја прави Унија“, додаде претседателката.

Во завршниот дел, Сиљановска-Давкова истакна дека европската перспектива мора да биде кредибилна и рамноправна:

„Не бараме привилегии – бараме критериуми. Проширувањето не е само тест за кандидатите, туку и за демократскиот капацитет на Унијата.“

„Западниот Балкан не смее да се третира како периферија на периферијата.

Тоа е европски предизвик и безбедносен приоритет“, заклучи претседателката, со порака дека заедничката иднина се гради преку партнерство, разбирање и доверба.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со намален ДДВ, граѓаните заштедуваат 1,6 милиони евра неделно за горива

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник меѓу Заев и Ципрас?

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

Торонто доби Канадско-македонска стопанска комора – платформа за претприемачи и соработка со Македонија

Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.

To top