Македонија Бизнис Регион

Од сега намален метеж на „Табановце“ со новиот систем за гранична контрола

Од Владата велат дека со ова ќе се намали метежот на границата, кој во летниот период е оптоварен поради летните одмори и патувањата од нашиот северен сосед кон Грција. Ваквиот систем веќе функционира со Косово, на граничните премини „Блаце“ и „Јажинце“.

Ќе станат ли минато гужвите, односно големиот метеж на граница каде се чекаше со часови?! На граничниот премин „Табановце-Прешево“ со Србија ќе биде ставен во функција системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На свеченото отворање на One Stop системот ќе бидат присутни министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.

Воведувањето на овој систем, според изјавата на министерот Тошковски, ќе овозможи многу поекспедитивен проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој во моментов е најоптоварениот граничен премин во земјата. Овој современ начин на контрола има за цел да ја намали гужвата на границите, особено во текот на летните месеци кога патувањата се поинтензивни.

One Stop системот веќе функционира со Косово на преходите Блаце и Јажинце. Во тек се преговори и со Албанија за воведување на овој систем на два гранични премини, додека со Бугарија и Грција, како членки на ЕУ и на Шенген-зоната, ќе се имплементираат само организациски подобрувања.

Најнови вести од: Македонија Бизнис Регион

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

Мицкоски: Владата е насочена да направи современо здравство, за кое ќе се издвојат рекордни над милијарда евра во 2026!

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Клиничката болница во Битола изјави дека здравството останува еден од клучните приоритети на Владата, нагласувајќи дека за оваа година се издвоени рекордни повеќе од една милијарда евра за здравствениот сектор.

Со програма за економско зајакнување на жените Diamond Mall ќе го одбележи својот трет роденден

Со нова платформа за економско зајакнување на жените, Diamond Mall годинава го одбележува својот трет роденден, продолжувајќи ја традицијата роденденската прослава да биде повод за иницијативи што создаваат трајна вредност за заедницата

To top