Свет

Уште еден енергетски бос „падна од прозорец“ во Москва

Според првичната истрага, се работи за самоубиство

Потпретседателот на рускиот државен монопол за нафтоводи „Транснефт“ почина откако наводно паднал од прозорец во својот дом во луксузното московско предградие Рубљовка, објавија државните медиуми во петокот.

„Транснефт“ ја потврди смртта на Андреј Бадалов на 62-годишна возраст, но не коментираше за околностите. Компанијата соопшти дека неговата работа се случила во „тежок и стресен период“ обележан со западните санкции, објави The Moscow Times

Телото на Бадалов е пронајдено под прозорците на неговата куќа , објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор од надлежните органи.

„Прелиминарната причина за смртта е самоубиство“, рече изворот, додавајќи дека е во тек е истрага.

Бадалов ја надгледуваше дигиталната трансформација на „Транснефт“ од неговото назначување за потпретседател во јули 2021 година.

Неговата смрт е најновата во низата високопрофилни и необјаснети смртни случаи меѓу високи раководители во енергетскиот сектор на Русија откако земјата ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Најмалку четири смртни случаи во 2022 година беа поврзани со државниот енергетски гигант Газпром, додека други вклучуваа раководители од Новатек и Лукоил.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

To top