Бизнис Свет

Европската централна банка повика на посилен пазар на ЕУ за борба против царините

Европската Унија е подготвена да прифати трговски договор со Соединетите Американски Држави што вклучува универзална царина од 10 проценти за голем дел од извозот на ЕУ, но за возврат бара од САД да се согласат на пониски царински стапки за клучните сектори како што се фармацевтската индустрија, алкохолот, полупроводниците и комерцијалните авиони.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, смета дека Европската Унија треба да одговори на царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со зајакнување на својот единствен пазар.

  • Секако, САД се голема земја, важно место, а исто така и важен трговски партнер за нас. Но, она што треба да го направиме е да си ја средиме сопствената куќа, изјави денеска шефицата на централната банка за германското радио.
  • Имаме огромен потенцијал во Европа, рече таа и ја нагласи важноста да се обезбеди слободно движење на стоки, капитал и луѓе во рамките на заедницата, пренесе ДПА.

Лагард повика да се надминат внатрешните бариери и дополнително да се усогласат процедурите за лиценцирање и другите национални барања.

Претходно, Европската Унија е подготвена да прифати трговски договор со Соединетите Американски Држави што вклучува универзална царина од 10 проценти за голем дел од извозот на ЕУ, но за возврат бара од САД да се согласат на пониски царински стапки за клучните сектори како што се фармацевтската индустрија, алкохолот, полупроводниците и комерцијалните авиони.

ЕУ, исто така, инсистира на квоти и исклучоци за ефикасно намалување на постојните американски царини од 25 проценти за автомобили и автоделови, како и 50 проценти за челик и алуминиум, пишува „Блумберг“ повикувајќи се на извор запознаен со преговорите.

Најнови вести од: Бизнис Свет

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити – Ќе ја покачи ли Народна банка каматната стапка?!

Народната банка во следниот период можно е да ја качи референтната каматна стапка од која најмногу зависи какви ќе бидат каматите и на депозитите и на кредитите. Ова се очекувањата од познавачите.

Поранешниот министер Дамјан Манчевски почнува бизнис со дата-центри

Поранешниоот министер за информатично општество и администрација, Дамјан Манчевски, основа свој бизнис за оперирање со дата-центри во регионот, објави Фактор. Изминатиот период тој на социјалните мрежи и на еден поткаст објави дека ќе биде еден од раководителите на Орион Телеком, кој има сопствен дата-центар во Белград, додека во Државниот дата-центар во Крагуевац е комерцијален корисник, […]

To top