Македонија

Македонија меѓу лидерите по онлајн купувачи, но сè уште каска со вештачката интелигенција

Растот на е-трговијата сам по себе не е доволен и го отвора прашањето дали економијата е подготвена за следната фаза – е-трговија поддржана од вештачка интелигенција. ВИ веќе има клучна улога во онлајн трговијата преку персонализирани понуди, паметен дигитален маркетинг, оптимизација на логистика, управување со залихи и откривање измами.

Според Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од Асоцијацијата за е-трговија, 63,2 проценти од интернет корисниците во Македонија купувале онлајн во текот на 2024 година. Овој резултат ја позиционира земјата меѓу водечките пазари во регионот според учеството на онлајн купувачи, но сепак под европскиот просек.

Извештајот укажува дека растот на е-трговијата сам по себе не е доволен и го отвора прашањето дали економијата е подготвена за следната фаза – е-трговија поддржана од вештачка интелигенција. ВИ веќе има клучна улога во онлајн трговијата преку персонализирани понуди, паметен дигитален маркетинг, оптимизација на логистика, управување со залихи и откривање измами.

Во таа насока е анализиран и AI Preparedness Index (AIPI), индекс на Меѓународниот монетарен фонд кој ја мери подготвеноста на земјите за одржлива и инклузивна примена на вештачка интелигенција. Со резултат од 0,48, Македонија заостанува зад просекот на ЕУ и зад поголем дел од балканските пазари, при што полош резултат има само Босна и Херцеговина. За споредба, европските лидери како Данска, Холандија и Естонија имаат индекс над 0,76.

Како главни ограничувања се наведуваат дигиталната инфраструктура, иновативниот капацитет и слабата интеграција во глобалната дигитална економија, иако постојат позитивни сигнали во делот на човечкиот капитал и адаптацијата на пазарот на труд.

  • „Е-трговијата во Македонија бележи силен раст, но следната фаза мора да биде фокусирана на квалитет, доверба и одржлив развој, не само на квантитет. Вештачката интелигенција е реалност денес и ја менува дигиталната економија, а нашата задача е да им помогнеме на е-трговците, институциите и потрошувачите да бидат подготвени за оваа трансформација“, изјави претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска Станков.

Прегледот заклучува дека идниот раст на е-трговијата во земјата ќе зависи од подготвеноста на домашните е-трговци да ја искористат примената на вештачката интелигенција за поголема конкурентност, одржлив раст и подобра заштита на потрошувачите.

Инаку, Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година е изработен од Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) и традиционално беше презентиран на 8-та регионална конференција за е-трговија, опфаќајќи ги земјите од целиот регион на Западен Балкан.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top