Бизнис

Русија заработила 216 милијарди долари од почетокот на војната во Украина од растот на цената на златото

Профитот од зголемената вредност на руските златни резерви ги компензира поголемиот дел од загубите од замрзнувањето на средствата со санкциите

Русија заработила 216 милијарди долари од зголемувањето на цените на златото од почетокот на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува инвазијата во Украина, објави „Блумберг“.

„Русија профитираше масивно од наглиот раст на цените на златото од почетокот на војната во Украина, достигнувајќи големина споредлива со замрзнатите суверени резерви во Европа“, се наведува во написот.

Според публикацијата, профитот од зголемувањето на цената на благородниот метал ги компензира поголемиот дел од загубите од замрзнувањето на средствата.

„Иако хартиите од вредност и готовината блокирани во Европа не можат да се продаваат или да се заложуваат, златото сè уште може да се монетизира ако е потребно“, забележува агенцијата.

Русија е петта во светот според количеството златни резерви, проценето меѓу 2.330 и 2.335 тони кон крајот на декември и во почетокот на јануари.

По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема намера да го преземе Гренланд со воена сила, цената на златото на светските берзи достигна нов историски рекорд од 4.900 долари за унца (31,1 грам).

Најнови вести од: Бизнис

Бизнисот постојано бара работници, додека 88.500 граѓани „молат Бога да не најдат“

Анкетата на АВРМ открива јаз меѓу потребите на компаниите за среден стручен кадар и образовниот профил на активните баратели. Од Владата велат дека невработеноста паѓа, но и граѓаните да се поажурни ако сакаат добри примања.

(Видео): Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет, рече премиерот за дата-центрите

Прашањето за изградба на дата центри во Македонија ја отвори дилемата – дали станува збор за развојна шанса или за ризик за ресурсите? Власта вели дека тоа е иднината на светот.

Угинати 196, а евтаназирани 7.316 овци и кози поради сипаници

Според нивните процени, од почетокот на кризата се уништени меѓу 40 и 50 стада, а секојдневно се појавуваат нови жаришта. Најпогоден е источниот дел од земјава, додека одгледувачите од југозападниот регион стравуваат дека болеста може да се прошири и во областите во кои сè уште нема потврдени случаи.

To top