Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Во Црна Гора, 8,7 проценти од населението живее во домаќинства каде што трошоците за домување сочинуваат повеќе од 40 проценти од расположливиот приход. Ова ја става земјата на деветтото место меѓу 34-те европски земји вклучени во прегледот на „Еуроњуз бизнис“, врз основа на податоците од Евростат.

Стапката на Црна Гора е за еден процентен поен над просекот на Европската Унија од 7,7 oтсто, прикажан во таа анализа. Сепак, постои важна разлика: податоците за Црна Гора се однесуваат на 2024 година, додека повеќето земји се претставени со податоци за 2025 година.

Грција, Швајцарија, Данска, Норвешка, Германија, Шведска, Турција и Естонија имаат поголем удел на жители оптоварени со трошоци за домување од Црна Гора.

Србија бележи стапка од 7,9 отсто, Северна Македонија 5,6 отсто, Словенија 3,5 отсто, Хрватска 3,2 отсто и Албанија 2,6 отсто. Податоците за Северна Македонија, како и за Црна Гора, се однесуваат на 2024 година.

Грција е на врвот на листата со 26,4 отсто, додека Кипар има најмал удел – 2,4 отсто.

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Најнови вести од: Бизнис

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

Министерство за енергетика: Повеќе од двојно e зголемена наплатата од концесии

Преземаме конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството. Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во 2025 надмина 1,2 милијарди денари, евидентирани се 53 раскинати концесиски договори, а во 2026 инспекцискиот капацитет е зајакнат со тројца дополнителни инспектори, соопшти Министерството за енергетика.

Зошто знаеме да кажеме: Штедам за „црни денови“, кога секој денар на страна е добивка за убав живот

Штедливоста и рационалниот однос кон парите без оглед на длабочината на џебот, се сметаат за карактеристична особеност на македонските домаќинства. За оваа, веќе традиционална претстава, има и официјална потврда. Парите во банките растат. На личните сметки од граѓаните има 7,51 милијарда евра.

To top