Бизнис

Николоски: Новите правила за транспортерите можат целосно да ја колабираат македонската и регионалната економија

Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании

Година дена алармираме за проблемот со транспортерите и електронската евиденција во ЕУ и требаше да се донесе до ескалација да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестоки размени на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање, вели во интервју за Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во однос на новите правила за влез во земјите од шенген зоната за професионалните возачи.

Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега решение нема, а Владата целосно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните премини кон шенген земјите.

– Од понеделник ќе има протест кој предвидено е да трае седум дена на граничните премини кои одат кон шенген зоната, на превозниците на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија, бидејќи нашите економии се мали и главно се ориентирани кон извоз. Целокупното производство на компаниите кои произведуваат во ТИРЗ кои што работат најголем дел од луѓето во Македонија и кои што носат најголем девизен прилив – сто процентен извоз, голем дел од домашните компании кои се извозно ориентирани и ако не можат да извезат тогаш запира и економската активност, а од друга страна ако превозот поскапе за 3 до 5 % тогаш стануваат неконкурентни на европскиот пазар, рече вицепремиерот Николоски.

Иако во континуитет има разговори со претставници до ЕУ, засега тие остануваат на ставот за употреба на новите правила за влез и за транспортерите.

– Јас во декември имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ, директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање и овие радикални мерки се единствен начин да се привлече внимание. Јас и владата имаме целосно разбирање за македонските транспортери, го разбираме нивниот револт, ги подржуваме нивните барања и навистина треба да се реши овој проблем преку одложување на електронскиот систем за професионалните возачи или да се изнајде начин како да добиваат работни визи треба да го реши ЕУ. Мислам дека не им е јасно на ЕУ што значи ова за земјите од Западен Балкан, се работи за класична бирократија, за целосна игнорантност и непосветување на внимание на проблемот, истакна Николоски.

Тој како пример истакна дека веројатноста е голема за зголемување на цената на превозот за 5 % со што домашните производи ќе станат неконкуретни на европскиот пазар.

– Сите стопански комори од регионот веќе цела година реагираат. Не е едноставно решението. На пример компанија од Македoнија која што извезува во Германија ако ангажира германска компанија, тогаш превозот е од 3 до 5 % поскап. Доколку превозот е до 5 % поскап, тогаш прозиводите во Македонија и регионот ќе станат неконкуретни и тогаш можно е да се компаниите да си заминат од Македонија. Една компанија со која разговарав, а нема да ја именувам, најавува загуби од 1,5 милиони евра неделно. Сега со овие услови, транспортниот бизнис ќе остане целосно неисплатлив од причина што ќе се намали времето за 50% што возачите ќе можат да го минуваат во рамки на ЕУ, додаде вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи

Според министерката стабилност на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст се основата на која ја темели економската политика што ја креира и спроведува Владата, а ефектите се гледаат и во економските показатели

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра

Управителот на „TESSA Energy“ вели дека ова е само првата фаза, а веќе во втората фаза се планира нова инвестиција од 10 милиони евра, а целта е да се создаде современ енергетски центар

„Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија

Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Присуството во Хјустон беше можност Грин Машинс да ги претстави своите целосно електрични решенија за урбано чистење пред американската професионална јавност

Е-фактурата носи ново ниво на дигитализација и поголема правна сигурност за компаниите

Електронската фактура претставува една од најзначајните дигитални реформи што ја спроведува Управата за јавни приходи. Нејзината цел не е само да ја замени хартиената фактура со електронска, туку да воспостави целосно нов модел на дигитална комуникација помеѓу компаниите и даночната администрација. Со оваа реформа создаваме побрзи процеси, поголема правна сигурност, подобра даночна усогласеност и значително помал административен товар за компаниите.

To top