Македонија

Тачи шокиран од „политичката проституција на Ахмети“, бара да си замине од политиката

Лидерот на ДПА со нов жесток напад врз првиот човек на ДУИ, „лисица на која ѝ гори опашката“ и кој „лаже дека му ветиле избори“

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, без да бира зборови ја коментира изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, според која уште лани се договориле со ВМРО-ДПМНЕ предвремени избори, што од владејачката партија експресно беше демантирано.

„Шокиран сум од политичката проституција на Али Ахмети. Тој го моли Христијан Мицкоски да го земе во Владата. Ахмети е ракот на албанската политика во Македонија, сега со Зијадин и со Таравари. Овој врескач, оваа лисица на која ѝ гори опашката и чие име е Али Ахмети, треба да си замине од политиката“, рече Тачи.

Тој изјави дека нема надеж за ДУИ, и покрај желбата на Ахмети за предвремени парламентарни избори.

„Нема избори. Али лаже. Никој ништо не му ветил, мисли дека ќе има надеж за ДУИ, но повеќе нема надеж“, категоричен е Тачи, кој минатата есен се „раздружи“ со тогашниот „Европски фронт“ предводен од интегративците, изјавувајќи дека се покајал што воопшто влегол во него.

 

Најнови вести од: Македонија

„Н.М“: „Волкот“ Радев, за кого македонскиот е само норма на бугарскиот јазик, го менува крзното, но не и политиката кон Македонија!

„Поканата што македонскиот премиер Христијан Мицкоски му ја упати на новиот бугарски премиер Румен Радев е дипломатски висококоректен потег. Државите разговараат и тогаш кога не се согласуваат. Но дали со доаѓањето на Радев во извршната власт во Софија може да се очекува промена во бугарската политика кон Македонија, или само продолжување на една стратегија што со години произведува блокади, понижувања и негирања? Во 2020 година Радев порача дека „историјата и јазикот не можат да бидат предмет на политички компромис“, практично ставајќи до знаење дека Софија нема намера да го признае македонскиот јазик како посебен историски и национален факт. Во повеќе наврати бугарската политичка елита, предводена токму од Радев, тврдеше дека македонскиот јазик е само „норма на бугарскиот. Дали Радев ќе се откаже од политиката на постојани условувања? Дали ќе престане со реториката што го проблематизира македонскиот идентитет? Дали ќе прифати дека европската иднина на Македонија не може да зависи од историски толкувања? Досега нема ниту еден сериозен сигнал дека навистина постои таков пресврт.“ – се наведува во анализата со наслов „Волкот Радев го менува крзното, но не и политиката кон Македонија“, која е објавена денес во весникот „Нова Македонија“.

Гане Тодоровски: Ој, Македонијо, колку ли уште ни треба, за да те домакедончиме!

„Живите треба да живеат, мртвите ќе починуваат… / Ој, Македонијо, науми почит кои мртвите, / збери ги коските на своите закубеници, / коските Мисирковите, коските Цепенковите, /коските Ѓорче Петровите, / прибери ги во Скопје, / покpaj Гоцевите, покрај најсветите, / и крени крај нив паметник / на неродениот Македонец — Ој, Македонијо, / колку ли уште ни треба / за да те домакедончиме!“ – испеа Гане Тодоровски за Македонија во својата песна „Фуснота без повод“, која е дел од стихозбирката „Горчливи голтки непремолк“ од 1970 година. Овој великан на македонскиот национален идентитет, на македонската книжевност е роден на денешен ден, на 11 мај 1929 година во велешкото село Кожле. Тој е еден од најзначајните македонски поети, академици и интелектуалци. Со своето богато творештво и силен родољубив дух Тодоровски втисна длабока, неизбришлива трага во македонската книжевност, култура и национална мисла.

Општина Аеродром казни фирма со 20 илјади евра, поради незаконско фрлање отпад! -Камионџијата фатен „на дело“ на дивата депонија!

Изминатите неколку дена при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во општината, на месноста „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е е изречена глоба од 20 илјади евра во денарска противвредност за правното лице, поради сторениот прекршок, согласно со овој закон.  Издаден е и прекршочен платен налог.

Литургија на македонски, бараат Македонците од Грција

Каде што живеат етнички Македонци литургиите да се изведуваат на мајчин македонски јазик и со азбуката на Свети Кирил и Методиј и при крштевки и постхумни спомнувања да се користата традициолани македонски имиња

To top