Хроника

Возач загина по излетување од коловозот во скопска Автокоманда

Две лица се тешко повредени во одделни сообраќајќи во Кочани и во гостиварско

Една жртва и двајца тешко повредени е билансот од три одвоени сообраќајни несреќи, во кои загина возач во Скопје, друг добил тешки повреди во Кочани, а в болница завршила и сопатничка во гостиварско.

„На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На 24.01.2026 во 15:43 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(34) од с. Чешиново, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, по што по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Истиот ден, во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Ростушки мост, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, управувано од И.Т.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Т.(69) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар“, информира Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Измамникот С. Б. Г. (61) од Бугарија ѝ јавил на жена (74) од Ниш дека „нејзиниот син умира“, ѝ зел 150 илјади евра, па полицијата го уапсила!

Полицијата во Ниш, постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство во тој град, го уапси бугарскиот државјанин С. Б. Г. (61), осомничен дека се јавил на седумдесет и четиригодишна жена од Ниш и ѝ кажал дека нејзиниот син е тешко повреден, по што и побарал да му даде 150.000 евра за трошоците за наводното лекување, што таа го сторила.

Газдата на фирмата што нелегално истураше градежен шут во Ново Лисиче има и „стари гревови“

Качапор е претходно осудуван. Се гонеше во предметот „Синџир“ за делата „злосторничко здружување“, „даночно затајување“ и „перење пари“, а организатор на операцијата беше Љупчо Пецов Ѓаволот

Македонката Милена Витанова избодена со нож од сопругот Хако во Пјаченца, Италија! – Го признал убиството и избегал кај гробот на нивниот син!

Педесет и петгодишната Македонка Милена Витанова е пронајдена мртва во својот дом со повеќе убодни рани во италијанскиот град Пјаченца. Според италијанските медиуми, нејзиниот сопруг Хако Витанов во петокот околу 15.30 часот телефонски ѝ признал на полицијата дека ја убил, по што избегал од местото на злосторството.

To top