Македонија

Нелоски: Фирмата на татко ми, што ја спомнува СДСМ, не учествува на тендери и не одлучува за државните пари!

Шефот на кабинетот на Мицкоски нагласува дека фирмата во која е неговиот татко не учествува на тендери „Мојот татко е дел од споменатата приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари“, напиша Нелоски.

Нека не поставуваат прашања од СДС, туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи, објави Владимир Нелоски, кој денеска беше прозван на прес конференција на СДСМ за наводна „нова бомба, нов скандал, пирамидална мрежа на тендери и фирми која води директно до кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Владимир Нелоски“.

„Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полуинформации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезориентираност во просторот на раководството на СДС и Венко Филипче и тој пусти страв од одговорност која знаат дека ја имаат. Мојот татко е дел од споменатата приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари.

Како и секој човек, па и мојот татко кој цел живот работи чесно во приватниот сектор, има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија. Колегите од СДС треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата, така се губи и целосно паѓа сликата за партијата која денес е потопена со криминал и корупција, со лични интереси и фракции. И бидејќи сум чесен и искрен, а сметам дека тоа треба да е клучен принцип во политиката, нека не поставуваат прашања од СДС, туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи“, напиша Нелоски на Фејсбук.

Претходно, на прес конфренција генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ, објави дека „таткото на Владимир, Јовица Нелоски станал содружник во трговската фирма со облека „ТРГО СТРОЈ“ ДОО Скопје, чија сопственичка и управителка е Оливера Доновска, сопруга на сопственикот на „Пирамид Билдинг Солушнс“, Петар Доновски, фирма за која рече дека добила 51 тендер од општини под контрола на ВМРО ДПМНЕ“.

Според Димитријевиќ, тоа бил „уште еден доказ дека тендерските шеми и фамилијарните фирми, освен што се партиски и фамилијарно поврзани, водат директно и до кабинетот на Мицкоски“.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top