Македонија

ОЈО Скопје отвори предмет по допрен глас за тврдењата на Жан Митрев за притисок од Заев и Филипче да им ја продаде клиниката

Основното јавно обвинителство од Скопје отвори предмет по допрен глас за тврдењата на Жан Митрев за притисок од поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство и сегашен лидер на СДСМ Венко Филипче. Филипче ги отфрли обвинувањата и најави дека ќе поднесе тужба против Митрев поради, како што наведе, „невистинити и штетни тврдења“.

„Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејства на проверки во предметот, оформен по допрен глас на 21.01.2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија околу јавно изнесените наводи од Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката. Во предметот се вршат проверки со цел да се испита можното постоење елементи на кривично дело, кое се гони според службена должност,“ – велат од Основното јавно обвинителство од Скопје

Пред неколку ден кардиохирургот и сопственик на болницата д-р Жан Митрев во емисија на ТВ Алфа истакна дека Заев и Филипче во периодот на ковид-пандемијата, барале начин како да дојдат до сопствеништвото врз приватната болница.

„Јас велам, добро, тоа се е во ред. Но покрај тоа што е блокирана болницата, имам и забрана да продавам удели. Тогаш настана мала бркотница, не знам колку време, дали по една седмица, дојде ново решение од обвинителство, можеби е чудно, но дојде ново решение од обвинителство, болницата е блокирана, мојата сметка лична е блокирана, а сѐ ослободува болницата и може да се продаваат удели“, изјави Жан Митрев.


Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top