Свет

Загинаа сите патници и членови на екипажот во пад на авион

Загинаа двајца членови на екишажот и 13 патници меѓу кои и двајца политичари

Патнички авион се урна во северна Колумбија, при што загинаа сите 15 лица во него, потврди државната авиокомпанија „Сатена“. Авионот се урна во планинска област каде што беа пронајдени остатоците, објави Би-Би-Си.

Авиокомпанијата во соопштението соопшти дека нејзиниот авион „Бичкрафт 1900“ „претрпел фатална несреќа“, без да даде дополнителни детали. Контактот со авионот, лет NSE 8849, бил изгубен вчера во 12:05 часот по локално време, само 11 минути пред да слета.

Во авионот имало 13 патници и двајца членови на екипажот.

На официјалниот список на патници се наоѓаат и конгресменот Диогенес Кинтеро Амаја и Карлос Салседо, кандидат на претстојните конгресни избори. Кинтеро држеше едно од 16-те места во колумбискиот парламент резервирани за претставници на жртвите од конфликтот меѓу марксистичките герилци на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) и државата.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

To top