Македонија

Секоја општина ќе добие гробишта за угинати домашни миленици

Решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по угинувањето, труповите на милениците да не се фрлаат заедно со комуналниот отпад, или да се закопуваат на јавни површини

Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС и даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство за решавање на постоечкиот проблем и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините.

“Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по угинувањето, труповите на милениците да не се фрлаат заедно со комуналниот отпад, или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации за таа намена, за што ќе треба да се направи и соодветна измена на одредени законски решенија”- рече на состанокот на АХВ, Град Скопје и ЗЕЛС, министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Претстои дефинирање на локации во општините за нивна изградба и планирање на инфраструктурата која треба таму да се изгради за да може тие целосно да се стават во функција на граѓаните, појасни Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека локалните самоуправи ќе дадат целосна поддршка во реализацијата.

Според директорот на АХВ Оливер Миланов, во предлог законските измени се веќе инкорпорирани забелешките и предлозите кои ги дадоа здруженијата за заштита и благосостојба на животните, а в предвид ќе се земат и предлозите на општините.

Погребувањето на миленичињата на јавни површини е казниво и ако некој биде фатен, казната изнесува 50 евра во денарска противвредност. Најголемите проблеми се појавија во главниот град, кој требаше досега да обезбеди уредена локација за погребување на домашните миленици во соработка со здруженијата за заштита и грижа на милениците. Тоа беше и ветување на градоначалничката Данела Арсовска во таканаречениот „Нов зелен план“, но немаше никаква реализација, а погребувањето на милениците стана сериозен еколошки проблем.

Според активистите, ретки се оние што можат да ги закопаат милениците во својот двор, а повеќето за оваа цел ги одбираат перифериите на градот или некаде во природа како што е територијата на Водно.

Во моментов ЈП Комунална хигиена е задолжено за лешевите на милениците, но тие се фрлаат на „Дрисла“ каде што има други диви кучиња и тие ги растргнуваат и се хранат со нив.

Во нашето поблиско опкружување, кај нашите соседи, вакви гробишта нема. Во западните земји, пак, милениците се кремираат.

Гробишта за миленици има во Австрија, Унгарија, Италија, Германија, Франција, Белгија, Велика Британија, каде што има и специјална погребна опрема.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top