Македонија

Последен поздрав од Трендо до Тихо: И гушни ја Лале од мене

Тие што не те знаат, нека ти се плашат малку

Меѓу бројните последни поздрави до поетот, професорот и историчар Тихомир Јанчовски кој почина завчера, најемотивна е таа на Сашо Мацановски Трендо кој праќа поздрави до другата страна.

Целата порака на Трендо:

Море Тихо,

А да свртевме уште некое фудбалче кај нас во Трендоленд? Да ги посвиревме Џокси и Пепи? Да признававме дека многу им имаме попуштано на кретени? Да разменувавме трикови како се избегнува Скопје додека си во него? Да ти се радував кога ќе ми пишеше дека имаш нова бавча или книга? Да сакаше да ме мириш со кафанџии со кои сум раскинал?
Не, а?
Пред иха-ха години ми најави дека со другарка ни Лале сакате да фаќате џенем накај Кападокија, може и Сирија. Сега ни тоа.
Така било тоа? Така било тоа.
Штимај се горе, со тоа демек лутите веѓи, тие што не те знаат, нека ти се плашат малку.
И гушни ја Лале од мене.
Трендо

Поврзана вест

Замина еден од најплодните современи македонски поети

IN MEMORIAM: Замина еден од најплодните македонски современи поети

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top