Хроника

IN MEMORIAM: Замина еден од најплодните македонски современи поети

Се занимаваше со поезија, превод, медиевистика

Денеска во 58 година од животот почина еден од најплодните и најдобри современи македонски поети, писателот и преведувач, Тихомир Јанчовски.

Јанчовски е роден во 1967 во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, 1991 година.

Специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ, 2010. Се занимаваше со поезија, превод, медиевистика.

Јанчовски објавил над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја. Има правено и претстави. Во 2024 со Бранислав Николов го создава поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“.

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top