Свет

Ќе има ли „Олимписко примирје“ за време на Зимските олимписки игри

„Нека невооружената моќ на спортот го замолчи оружјето“, порача италијансдкиот претседател

Италијанскиот претседател Серџо Матарела повика на олимписко примирје за време на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, објави АНСА.

Олимписките игри ќе се одржат од 6-ти до 22 февруари.

Италијанскиот лидер нагласи дека спортот е мирна интеракција што се спротивставува на насилството.

„Со цврста решителност бараме олимпиското примирје да се почитува насекаде.

Нека невооружената моќ на спортот го замолчи оружјето“, рече претседателот.

 

Најнови вести од: Свет

Новиот пристап на ЕУ предизвика остра критика кај новинарите

Иницијативата на Советот на Европската Унија да поканува инфлуенсери (креатори на содржини) на самитите на лидерите и министерските состаноци предизвика остра реакција кај новинарите кои редовно ги следат работите на ЕУ.

САД и Иран блиску до договор, но остануваат неколку клучни разлики

Иранската новинска агенција „Фарс“ ја демантира изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормускиот Теснец ќе биде целосно отворен, велејќи дека теснецот ќе остане под иранска контрола.

To top