Свет

„Фолксваген“ нуди пензионирање на 57 години: Нереални услови за да го намали бројот на вработени

Оваа мерка е дел од пошироката реструктуирање на „Фолксваген“ во услови на пад на продажбата на електрични возила, високи трошоци за транзиција кон електромобилност и зголемена конкуренција од Кина.

„Фолксваген“ воведува програма за скратено работно време пред пензионирање за генерацијата родена во 1969 година – првпат по 60 години ваква мерка во компанијата.

Од 26 јануари 2026 година, засегнатите вработени можат доброволно да аплицираат за предвремено пензионирање на 57 години (10 години пред законската возраст за пензионирање во Германија). Ова е дел од стратегијата за намалување на 35.000 работни места во Германија до 2030 година.

Клучни услови на програмата

Додаток на плата до 95 % од претходната нето заработка за периодот на скратено работно време пред пензионирање.

Компанијата плаќа 100 % од законските придонеси за пензиско осигурување.

Доживотна компензација за половина од пензискиот јаз што се јавува поради предвремено пензионирање.

Слични правила важат и за лицата со тежок инвалидитет родени во 1970 година. Програмата е целосно доброволна.

„Фолксваген“ проценува дека околу 70 % од опфатените работници ќе ја искористат опцијата. Повеќе од 20.000 вработени родени помеѓу 1969 и 1975 година се потенцијални корисници на ова општествено прифатливо решение за транзиција кон пензионирање.

Слични регулативи веќе се подготвуваат и за генерацијата родена во 1970 година, пишува германскиот магазин „Феникс“.

Оваа мерка е дел од пошироката реструктуирање на „Фолксваген“ во услови на пад на продажбата на електрични возила, високи трошоци за транзиција кон електромобилност и зголемена конкуренција од Кина.

Најнови вести од: Свет

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top