Македонија

(ВИДЕО) Мирчевски за благоретардираните бугарски напади врз Видиновски

Откако новинарот откри што се случува пред бугарската амабсада во Скопје

Директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски реагира на нападите врз уредникот на медиумот Александар Видиновски кој беше предмет на закани и говор на омраза од бугарски активисти

Во постот Иван Мирчевски зборува за ,,благоретардираните и примитивни напади на одредени Бугари насочени кон колегата Видиновски и Канал 5 ТВ”.

Видиновски доби закани и навреди откако објави дека пред бугарската амбасада во Скопје надвор од законот се паркираат дипломатски возила на амбасадата на Бугарија.

Според Мирчевски тоа не се напади само врз Видиновски туку и кон Канал 5 и кон сите медиумски работници.

Поврзана вест

Закани по животот на новинарот Видиновски : „Смрт за вас!“, „Копилиња асномски!“ – МАН повикува ЈО веднаш да реагира!

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

To top