Македонија

Град Скопје блокираше околу 15.000 сметки за неплатен данок на имот

На денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека се блокирани околу 15.000 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година.

„Градот Скопје презеде конкретни мерки и блокираше околу 15.000 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година во вкупен износ од 1,3 милиони евра. Апелирам до сите граѓани и компании во наредните 15 дена да ги подмират своите обврски по основ данок на имот за периодот 2022-2025 година. Станува збор за 95.562 физички лица и 2.335 правни субјекти, кои вкупно му должат на градот близу 20 милиони евра по овој основ. Средства коишто ни се од клучно значење за инфраструктурата, јавните услуги и подобрување на квалитетот на живот во нашиот град. Ред мора да има, почитувани. А секој денар наплатен во буџетот значи повеќе проекти и подобар град за сите нас“, изјави Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Државата остана без 9,5 милиони евра од ИПА фодновите

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против странски државјанин и правно лице поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проект за канализациска мрежа во Кичево. Поради раскинувањето на договорот, државата останала без 9,47 милиони евра од ИПА-фондовите.

Иловица е една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

Интересот од странски инвеститори постои и е континуиран, што се потврдува преку бројните геолошки истражувања и концесии доделени во изминатите години, но јавноста често е поделена поради еколошките ризици и потребата од строги стандарди за заштита на животната средина. Начевски заклучува дека Македонија може да стане регионален снабдувач на одредени суровини и да ја засили својата улога во европските синџири на снабдување.

Дури 235 луѓе истовремено земале и социјална помош и пензија

Неосновано исплатени 236 илјади евра за социјална помош, утврдил Државниот завод за ревизија во најновиот извештај. Станува збор за периодот од 2022 година до јуни 2025 година. Поради слабости во системските контроли, само за 2024 ревизорите утврдиле 235 корисници кои истовремено земале и социјална помош и пензија. Ревизорите предупредуваат дека ваквите состојби се ризик од нерационално трошење на јавните пари, оти ја намалуваат ефикасноста на системот за социјална заштита. Ревизорите посочуваат и на недоволна контрола од центрите за социјална работа, нецелосна документација, доцнење во постапките, како и неефикасно следење на враќањето на неосновано исплатените средства.

Официјално: Поранешниот градоначалник на Карпош мора да се јави во затворот „Шутка“ најдоцна до 2 јули

Согласно законските процедури, судијата за извршување на санкции официјално му го достави упатниот акт на С.Ј., со што се утврдува обврската осудениот да ја издржи едногодишната затворска казна.

To top